Винисиус Жуниор/Real Madrid C,F

ВИДЕО | Винисиус направи промена, со операција го промени својот изглед

Бразилската фудбалска ѕвезда Винисиус Жуниор, по завршувањето на Светското првенство и елиминацијата на „кариоките“ од Норвешка одлучи да направи естетска промена.

Ѕвездата на Реал Мадрид се подложи на интервенција за хармонизација на брадата, а според фотографиите кои се појавија во јавноста, неговиот изглед е значително променет, до тој степен што многумина коментираат дека изгледа како сосема друга личност.

Бразилскиот портал „ТМЦ“ објави дека Винисиус ја направил процедурата во една клиника во Бразил, а интервенцијата ја извршил дерматологот д-р Алесандро Аларкао.

Станува збор за процедура при која се користат филери за обликување на контурите на лицето. Во случајот на Винисиус, целта била да се добие поизразена и подефинирана брада.

По операцијата се појавија неколку фотографии од фудбалерот на Реал Мадрид, а промената е навистина забележлива. Една од нив беше објавена на Инстаграм од неговата поранешна девојка Вирџинија Фонсека, која во понеделникот сподели фотографија на која позира со Винисиус во нејзината нова теретана.

Според пишувањата на бразилските медиуми, двајцата очигледно повторно се зближиле по раскинувањето пред Светското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ