Девојче од Газа, мурал со ликот на Педро Санчез / Фото: принтскрин / Х / Ал Џазира

ВИДЕО | Девојче од Газа наслика мурал со ликот на шпанскиот премиер — Санчез возврати со емотивна порака

Шпанскиот премиер Педро Санчез сподели видео на социјалните мрежи во кое му се заблагодари на едно палестинско девојче и на локалните уметници откако тие насликаа мурал со неговиот лик во Газа, објави „Ал Џазира“.

Во видеото, Санчез одговори на пораката од палестинско девојче, по име Лајан, кое откри портрет на шпанскиот премиер што таа и други уметници го насликале меѓу урнатините во Газа. Санчез им се заблагодари за убавиот гест.

Како што рече, изрази посебна благодарност до палестинскиот народ за тоа што покажал таква наклонетост кон Шпанија.

„Во средината на толку многу болка, најдовте момент да ни ја испратите вашата љубезност. Затоа, Лајан, на сите момчиња и девојчиња од Газа и на вашите семејства, сакам да ви кажам нешто многу едноставно: целото шпанско општество ве слуша, ве гледа, се грижи за вас и не ве заборава“, рече Санчез.

Тој, исто така, изрази надеж дека „децата од Газа ќе можат без страв да се вратат на сликањето во своите училишта и да ја живеат иднината во мир“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот