ВИДЕО | Украински дронови погодија пристаништа и нафтени објекти во Русија, двајца загинале
Украински дронови погодија руски пристаништа и објекти за складирање нафта во најновиот масовен напад врз цели длабоко на територијата на Русија, денеска соопшти претседателот Володимир Зеленски.
Препорачано
Во нападот врз пристанишниот објект во Ростов на Дон загинале двајца луѓе, а уште пет биле повредени, објави „Киев индепендент“, повикувајќи се на изјава од гувернерот на Ростовската Област, Јуриј Сљусар.
Напад бил пријавен и во блискиот град Таганрог, источно од украинската граница.
Во нападите биле погодени и нафтени објекти во руската Република Удмуртија и во Јарославската Област, кои се оддалечени повеќе од 1.300 километри од украинската територија.
Снимки од нападите се појавија на каналот „Ексиленова+“ на „Телеграм“, кој редовно објавува видеа и фотографии направени во Русија, на кои се гледаат последиците од украинските напади.
Според каналот, цел на нападот бил објект за складирање нафта во близина на градот Сарапул во Удмуртија, каде што се наоѓаат големи резервоари за нафта.
Число погибших при атаке на Ростов возросло.
«Обнаружены погибшими ещё 3 человека – двое взрослых и один ребёнок. Их обнаружили спасатели при разборе завалов многоквартирного дома».
24.02.2022 они думали, что война, развязанная Россией в Украине придёт и в их дом?
Сомневаюсь. pic.twitter.com/NQ6CCS7Pkh— Світлана Комендант (@3Mwsm11j1mpkYcB) July 27, 2026
Подоцна нападот го потврди и регионалниот гувернер Александар Бречалов, кој го опиша како „најголемиот масовен напад“ врз регионот во поново време.
„Благодарност до нашите војници од Одбранбените сили на Украина за прецизната акција таму, во она што до неодамна беше руската длабока заднина. Со нашите одмазднички напади, ја враќаме војната во Русија, за на крајот да му дадеме шанса на достоинствениот мир“, рече Зеленски.
Украинската војска, вклучително и Генералштабот и Силите за беспилотни системи, сè уште не ги коментирале нападите.
Во текот на 2026 година, украинските сили ги засилија таканаречените „длабоки напади“ со дронови и со ракети врз цели на руска територија, при што се таргетираат воени објекти, нафтена и гасна инфраструктура и други претпријатија со двојна намена.
ВИДЕО | Украински дронови нападнаа центри на најголемиот руски онлајн трговец


