фото: ФФМ

Пресврт: Дарко Чурлинов ќе игра повторно во Полска, но не во клубот каде што се најавуваше

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов кариерата ќе ја продолжи во Полска, но не во Видзев Лоџ, како што се најавуваше изминатите денови, туку во редовите на Погон Шчечин.

Според информациите на полските медиуми, двете страни постигнале конечен договор, а официјалната потврда на трансферот се очекува уште во текот на денот.

До неодамна изгледаше дека Чурлинов е пред потпис со Видзев Лоџ, кој дури планирал да го претстави пред своите навивачи пред натпреварот против Мотор в недела. Сепак, во последен момент дошло до пресврт, откако Погон Шчечин испратил поповолна понуда, по што македонскиот фудбалер ја променил својата одлука.

За Чурлинов ова ќе биде враќање во полскиот шампионат, каде што претходно настапуваше за Јагелонија и остави одличен впечаток. Минатата сезона, пак, беше член на турскиот Кочаелиспор, а сега повторно ќе има можност да се докажува во првенство кое добро го познава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот