Алонзо Едвард Денинг/КК Пелистер

Пелистер се засили со Американец со македонско потекло

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со формирањето на ростерот за новата сезона, а по ангажманот на Благој Димитриев, битолчани го потврдија и второто летно засилување. Нов член на „зелено-белите“ е Алонзо Едвард Денинг.

Станува збор за кошаркар роден во Соединетите Американски Држави, кој има македонско потекло и поседува македонско државјанство. Тоа значи дека во домашниот шампионат ќе настапува со статус на домашен играч, што претставува значајна предност за составот на Пелистер.

Денинг игра на позицијата крилен центар, а во Македонија пристигнува со веќе стекнато интернационално искуство. Во својата кариера настапуваше во првенствата на Азербејџан и Косово, а одреден период помина и во шампионатот на Еквадор.

Од Пелистер најавија дека новото засилување официјално ќе им биде претставено на навивачите на стартот од подготовките за претстојната сезона, кога тимот ќе ги започне и тренинзите во пресрет на новите предизвици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот