Фото: EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Антонели доминира во Ф1, ја запиша петтата последователна победа во Монако

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, денеска славеше на трката за Големата награда на Монако во Формула 1 шампионат, запишувајќи го својот петти последователен триумф во тековната сезона.

Италијанскиот возач на тој начин славеше во пет од првите шест трки од оваа сезона, а седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Ферари беше зад него во Монако.

Последното место на подиумот го зазеде возачот на Ред Бул, Исак Хаџар, кој е под истрага за кршење на правилата за време на периодот на црвено знаме (од 68 круг).

Четвртото место му припадна на возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, петтата и шестата позиција ги зазедоа возачите на Рејсинг Бул, Лиам Лосон и Арвид Линдблад, Пјер Гасли од Алпина заврши на седмото место, додека осмото место му припадна на возачот на Вилијамс, Александар Албон.

Бодови освоија и возачот на Хас, Естебан Окон, како и Серхио Перез од Кадилак, кој е под истрага за лажен старт.

Четирикратниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул се откажа во првиот круг, откако стартуваше од второто место, но се откажа поради дефект на моторот.

Актуелниот светски шампион Ландо Норис од Мекларен се откажа во 45 круг поради технички проблеми, додека домашниот возач Шарл Леклер од Ферари ја заврши трката со удирање во бариерата во 66 круг, по што трката беше запрена 40 минути.

Во генералниот пласман, Антонели води со 156 бодови, Хамилтон е втор со 90, додека тимскиот колега на Антонели, Џорџ Расел, е трет со 88. Шампионатот во Ф1 продолжува следната недела со Големата награда на Каталонија во Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот