Фото: EPA-EFE/STEFFEN SCHMIDT

ФИФА го враќа правилото од пред 20 години за СП: гол-разликата повеќе не е пресудна

Светското фудбалско првенство започнува за неколку дена, а ФИФА воведе неколку значајни промени во споредба со Светското првенство во 2022 година. Од особена важност е враќањето на правилото кое последен пат се применуваше на Светското првенство во 2006 година во Германија и се однесува на групната фаза од натпреварувањето.

На последните четири првенства, гол-разликата имаше предност, но сега ќе биде второстепен критериум. Што значи ова?

На пример, ако две репрезентации ја завршат групната фаза со ист број бодови, прво ќе се одлучи исходот од нивниот натпревар, а ако ситуацијата е сè уште нерешена, ќе се земе предвид гол-разликата.

Сепак, што се однесува за третопласираните репрезентации, гол-разликата сè уште ќе биде одлучувачки фактор.

Како се одредува пласманот во групата?

1. Број на освоени бодови во сите натпревари во групата

2. Меѓусебниот скор (број на освоени бодови во натпреварите помеѓу изедначени тимови)

3. Гол разлика од сите натпревари во групата

4. Број на постигнати голови во сите натпревари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот