Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Македонските одбојкарки го претрпеа и вториот пораз во Европската лига

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија денеска го запиша и вториот пораз во вториот натпревар од Европската лига 2026.

Нашата селекција загуби со 3:0 во сетови (25:16, 25:16, 25:11) од домаќинот на првиот турнир, Португалија, во Порто.

За македонската репрезентација најефикасни беа Ковачевиќ и Терзиќ со по пет поени, а по четири имаа Миладикова и Милевска.

Претходно на стартот избраничките на селекторот Милош Гавриловиќ загубија од Унгарија со 3:0.

Потсетување, настапот во Европската лига 2026 од оваа година ја презема улогата и на квалификациски циклус за Европското првенство 2028.

Следниот меч нашите најдобри одбојкарки во Европската лига 2026 ќе го имаат на 12 јуни против Шпанија која почна со две победи над Босна и Херцеговина и Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот