Од Уругвај 1930 до Катар 2022: Патот на светските шампиони
Светското фудбалско првенство е најпрестижниот и најгледаниот спортски настан во светот, каде на секои четири години се среќаваат најдобрите национални тимови со една единствена цел – да станат светски шампиони. Ова натпреварување не само што нуди незаборавни моменти и историски победи, туку и создава и легендарни имиња и ривалства кои засекогаш остануваат во колективната меморија на љубителите на фудбалот. Од доминацијата на Бразил и драматичните финалиња, до неочекуваните изненадувања и емотивните приказни, секое Светско првенство е посебна етапа во историјата на фудбалот. Во продолжение следува преглед на најуспешните држави и нивните патувања кон светскиот фудбалски врв.
Препорачано
Бразил е најуспешната репрезентација со пет титули, но тие се посебни и по еден друг детаљ, „кариоките“ учествувале на сите Мундијали во историјата.
По „националната трагедија“ од 1950 година и поразот од 1:2 од Уругвај во финалниот натпревар дома во Рио, Бразил ја започнува доминацијата во светскиот фудбал кон крајот на 1950-тите. Незапирливиот напад Гаринча-Диди-Вава-Пеле-Загало во Шведска во 1958 година му ја донел првата титула на „Селесао“ по победата над домаќините во финалето со 5:2.
Четири години подоцна, во Чиле, Бразилците ја одбраниле титулата, а до третата стигнале во Мексико 1970 година, кога според многумина играше најдобрата репрезентација во историјата. Покрај „кралот на фудбалот“ Пеле, кој тогаш го освои својот трет светски трофеј, играа и легенди како Ривелино, Жаирзињо, Тостао, Карлос Алберто, Герсон…
За четвртиот трофеј Бразилците чекале 24 години, а за триумфот во САД 1994 најзаслужни беа одличните напаѓачи Ромарио и Бебето. Петтата титула стигна во 2002 година на првото СП во Азија (Јапонија и Јужна Кореја), каде што тимот на „кариоките“ го предводеше феноменалниот Роналдо со осум голови.
Германија и Италија имаат по четири титули.
Германија ги освоила првите три титули како СР Германија. Првиот трофеј го освоила во 1954 година во Швајцарија, помалку од 10 години по крајот на Втората светска војна, а во тоа време во Германија уште немало формирано ниту професионална лига. Во финалето, познато како „Чудото од Берн“, Германија надминала негатива од 0:2 против Унгарија и победи со 3:2, иако во групата Унгарците победиле со 3:8.
Тимот „Елф“ ја освојува својата втора титула на домашен терен во 1974 година, а во финалето во Минхен по пресврт победиле против фаворитите на натпреварувањето, Холандија. Со конечен резултат 2-1, а Германија била предводена од големи имиња како Франц Бекенбауер, Герд Милер и Сеп Мајер.
Германците ја освоиле својата трета титула во Италија во 1990 година, кога, предводени од Лотар Матеус, оствариле пет победи и две ремија во седум настапи, а најмногу „главоболки“ добиле од Англичаните во полуфиналето. Во финалето, Германија победила со минимален резултат 1-0 против Аргентина, со голот од пенал на Бреме.
На СП во Бразил во 2014 година, Германците стигна до својата четврта круна, прва од 1990 година.
Тие ја поминаа групата без никакви проблеми со две победи и реми против Гана. Во осминафиналето, тие го победија Алжир (2:1) по продолженија, а Франција (1:0) во четвртфиналето. Во полуфиналето го понижија Бразил (7:1), а во финалето, по продолженијата, ги запреа Аргентина и Меси. Финалето го реши голот на Марио Геце во 113-тата минута.
Италија ги освоила сите четири титули на европско тло. Италијанците ги освоиле првите две титули пред Втората светска војна, во 1934 и 1938 година. „Аѕурите“ го освоиле своето прво злато дома, каде што важеле за големи фаворити. А, четири години подоцна во Франција под водство на големиот Виторио Поцо, Италијанците успеале да ја одбранат титулата.
Италија ја освоила својата трета титула во Шпанија во 1982 година. По бавниот почеток на натпреварувањето, Италијанците одиграле најдобро кога било најважно, и со победите против Бразил (3:2), Полска (2:0) и Германија (3:1) на крилата на Паоло Роси, кој постигнал шест гола во тие три натпревари, стигнале до неочекуваната титула. Последната титула Италија ја освои пред 16 години во Германија, а ја постигна со победа над домаќините во полуфиналето со 2:0 по продолженијата, а во финалето беа подобри од Франција по пенали. Тоа беше круната на кариерата на великаните како Буфон, Канаваро, Дел Пјеро и Тоти.
Аргентина била светски шампион три пати. Ги освоиле првите две титули пред своите навивачи, и во Мексико, а последната во Катар. Аргентина целосно го искористила својот домашен терен во 1978 година и, на крилата на Марио Кемпес, стигнала до врвот на светот со победа од 3:1 против Холандија на стадионот „Монументал“. Осум години подоцна, Диего Марадона блеснал во Мексико, практично сам им ја донел втората титула на „Гаучосите“. Лионел Меси ги предводеше Аргентинците во Катар на претходното првенство.
Уругвај доминирал за време на 20-тите години од минатиот век со олимписки победи во 1924 и 1928 година, а потоа и со победа на првиот Мундијал во Монтевидео во 1930 година, каде во финалето со 4:2 бил подобар од Аргентина. Вториот трофеј Уругвај го освоил со неочекувана победа од 2:1 над Бразил на „Маракана“, благодарение на головите на Шиафино и Гигија.
По еден светски трофеј имаат Англија и Шпанија. Англичаните, кои се фалат дека го измислиле фудбалот, не ни сакале да учествуваат на првите мундијали, а потоа по Втората светска војна доживеале неколку разочарувања, во 1966 година на „Вембли“ конечно го освоиле светскиот трофеј.
Предводени од Боби Чарлтон, Англичаните во финалето со 4:2 по продолженија ја победиле Германија, но останува вечната дилема дали топката ја преминала гол-линијата за клучниот погодок за 3:2.
Шпанија во 2010 година во Јужна Африка ја потврди својата доминација во светскиот фудбал. Одличните играчи во средниот ред Иниеста и Чави беа најзаслужни за триумфот на „фуријата“, а таа генерација освои и два европски трофеи – 2008 и 2012 година. Победничкиот гол во финалето против Холандија го постигна токму Иниеста во 116. минута.
ТАБЕЛА НА ДРЖАВИ ОСВОЈУВАЧИ:
Бразил 5 (1958, 1962, 1970, 1994, 2002)
Италија 4 (1934, 1938, 1982, 2006)
Германија 4 (1954, 1974, 1990, 2014)
Аргентина 3 (1978, 1986, 2022)
Уругвај 2 (1930, 1950)
Франција 2 (1998, 2018)
Англија 1 (1966)
Шпанија 1 (2010)


