Саша Ковачевиќ и Зорана Тасовац / Фото: Инстаграм/Саша Ковачевиќ

ВИДЕО | Саша Ковачевиќ се ожени со долгогодишната партнерка, се појавија првите снимки од свадбата

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ го кажа судбоносното „да“ на својата долгогодишна партнерка Зорана Тасовац, со која наскоро ќе стане родител. Веста за свадбата брзо се прошири на социјалните мрежи, а првите фотографии ја илустрираа романтичната церемонија.

Невестата беше во елегантна бела венчаница, додека пејачот не ја криеше среќата за време на церемонијата. Насмеани и видливо среќни, младенците постојано разменуваа нежности, а внимателно уредената декорација придонесе целиот настан да изгледа како сцена од филм.


Среќната двојка неодамна потврди дека го очекува своето прво заедничко дете. Ковачевиќ претходно откри дека извесен период ја криеле убавата вест за бременоста сè додека не се увериле дека сè се одвива како што треба.

„Се трудевме извесно време да го задржиме тоа за себе додека не бидеме сигурни дека сè е во ред. Не знаеме како информацијата излезе во јавноста, но сега би било апсурдно да демантираме нешто што е вистина. Пресреќни сме и со нетрпение го чекаме денот кога ќе пристигне малиот Ковачевиќ или малата Ковачевиќ“, изјавил пејачот.

Саша Ковачевиќ и Зорана Тасовац / Фото: Инстаграм/Саша Ковачевиќ

Во едно од своите последни телевизиски гостувања тој откри и дека би сакал да добие девојче.

„Би сакал да биде девојче. Многу сум приврзан за Искра и целиот процес на нејзиното растење ми беше прекрасно искуство. Секако, ако биде момче, ќе бидам подеднакво среќен“, рекол Ковачевиќ.

Малата Искра, Саша Ковачевиќ и Зорана Тасовац / Фото: Инстаграм/Саша Ковачевиќ

Да потсетиме, Зорана веќе е мајка на ќерката Искра од претходната врска со бизнисменот Богдан Срејовиќ. Пејачот никогаш не криел дека има посебен однос со девојчето и дека ја доживува како свое дете.

„Сите знаат дека не сум биолошки татко на Искра, но навистина се чувствувам како да сум. Таа има свој татко и никогаш не сме се мешале во тие работи, но јас ја чувствувам како своја. Имаме прекрасен однос и можеме да разговараме за сè“, изјавил пејачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот