Толку од примирјето на Блискиот Исток: Израел го нападна Иран, Техеран возврати со ракети
Иранската паравоена Револуционерна гарда соопшти дека целела две воени бази во Израел, опишувајќи го нападот како дел од операцијата „Наср“, односно „Победа“. Гардата наведе дека ракетите биле лансирани откако Израел нападнал радарски позиции во три области во Иран.
Израел и Иран рано денеска разменија оган во одмазднички напади, со што се зголеми заканата поширокиот Блиски Исток повторно да биде вовлечен во регионална војна од полн обем, објави „Асошиејтед прес“.
Препорачано
Израел рано денеска изврши напади врз централниот и врз западниот дел на Иран како одговор на ракетниот оган од Техеран. Тоа е најсериозната размена на оган откако на 8 април беше постигнат прекин на огнот во војната со Иран.
Иран возврати со бранови напади, а експлозии можеа да се слушнат во централниот дел на Израел додека израелската противвоздушна одбрана се обидуваше да ги пресретне иранските проектили.
Иранската паравоена Револуционерна гарда соопшти дека целела две воени бази во Израел, опишувајќи го нападот како дел од операцијата „Наср“, односно „Победа“. Гардата наведе дека ракетите биле лансирани откако Израел нападнал радарски позиции во три области во Иран.
Техеран вчера предупреди дека ќе возврати откако Израел ги нападна јужните предградија на Бејрут без претходно предупредување, спротивно на барањето на Вашингтон од пред неколку дена да се воздржи.
Трајниот мир е доведен во прашање
Понеделникот го означи стотиот ден од војната со Иран, која почна на 28 февруари, кога Израел и Соединетите Американски Држави го убија врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи и други високи ирански лидери.
Војната траеше сè до номиналниот прекин на огнот на 8 април, но трајното запирање на непријателствата е доведено во прашање поради иранската блокада на Ормускиот Теснец, низ кој во мирнодопски услови минуваше една петтина од целата светска трговија со нафта и природен гас, како и поради борбите меѓу Израел и либанската шиитска милиција Хезболах.
Со загрозени глобални енергетски испораки, со Иран кој сè уште располага со големи резерви на високо збогатен ураниум и со јеменските бунтовници Хути кои, според сè, во понеделникот се вклучија во борбите, ризикот војната повторно целосно да ескалира станува сè поголем.
Израел го напаѓа Иран
Иранската државна телевизија објави дека експлозии се слушнале во Исфахан, Караџ, Табриз и Техеран, без веднаш да даде повеќе детали. Сведок во Техеран изјави дека слушнал најмалку една силна експлозија некаде западно од главниот град. По израелскиот напад, Иран го затвори воздушниот простор околу меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во Техеран, главниот аеродром во земјата.
Официјални лица не дадоа детали за тоа што било погодено, ниту информации за евентуална штета. Иранската паравоена Револуционерна гарда соопшти дека Израел во нападот во понеделникот наутро користел балистички ракети лансирани од воздух, без дополнително објаснување.
Полуофицијалните агенции „Фарс“ и „Мехр“ објавија дека израелските напади погодиле петрохемиска фабрика во градот Махшахр, во провинцијата Хузестан. Не беа наведени детали за штетата.
Нов израелски напад врз Бејрут, прв по прогласеното примирје


