Израелски напад врз Бејрут / фото: Nael Chahine/MEI / Sipa Press / Profimedia

Нов израелски напад врз Бејрут, прв по прогласеното примирје

Израелската војска вечерва изврши нова серија воздушни напади на Бејрут. Премиерот Бенјамин Нетанјаху вели дека мета биле луѓе од врвот на Хезболах во главниот град на Либан. Тој во координација со израелскиот министер за одбрана Израел Кац, издал наредба за напад на Хезболах во Бејрут со цел за неутрализирање на командантот на специјалните сили на Хезболах, наречени Радван, пренесува Би-би-си.

Во објави на социјалните мрежи, Нетанјаху тврди дека силите на Радван „одговорни за гранатирање на израелски населби и нанесување штета на војниците на Израелските вооружени сили“.

Ал Џазира известува дека при бомбардирањата на јужното предградие на Бејрут е убиен Малекм Балу, командантот на силите Радван на Хезболах.

Ова е првиот напад врз Бејрут по 8 април и по прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах, кој стапи во сила на 17 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот