Флорентино Перез/EPA/Juanjo Martin

ВИДЕО | Перез убедливо победи на изборите и остана претседател на Реал Мадрид

Флорентино Перез останува на чело на Реал Мадрид откако убедливо победи на претседателските избори и обезбеди нов мандат до 2030 година.

Досегашниот прв човек на „кралскиот клуб“ ја доби довербата од членовите на Реал, победувајќи го противкандидатот Енрике Рикелме. Според официјалните резултати, Перез освои 65 отсто од гласовите, односно поддршка од 21.741 член, додека бизнисменот од Аликанте доби 35 проценти или 11.814 гласа.

Ова ќе биде осми мандат на Перез на чело на мадридскиот гигант. Неговото раководење со клубот е поделено во два периода од 2000 до 2006 година и од 2009 година до денес.

Во изборната кампања Перез настапи со слоганот „Уште многу историја за создавање“, истакнувајќи ги седумте титули во Лигата на шампионите освоени за време на неговото владеење како доказ за успешното работење.

Еден од главните столбови на неговата програма е промената на корпоративниот модел на клубот. Според Перез, тоа е единствениот начин да се заштитат интересите на Реал Мадрид и имотот на неговите членови. Предлогот во наредниот период ќе треба да добие одобрение од Собранието на членови, а потоа и поддршка на референдум на кој ќе се изјаснат сите членови на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот