Кристијан Ериксен/EPA-EFE/Stuart Franklin

Докторот на Данска откри детали, пејсмејкер му го спасил животот на Ериксен

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен повторно предизвика загриженост кај фудбалската јавност откако колабираше за време на вчерашниот пријателски натпревар меѓу Данска и Украина во Одензе.

Ова е втор сериозен инцидент за искусниот плејмејкер, откако во 2021 година се онесвести на теренот за време на натпревар од Европското првенство. Ериксен беше изнесен од теренот со амбулантно возило, а сега за неговата состојба зборуваше докторот на данската репрезентација, Мортен Бесен.

За среќа, според неговите зборови Ериксен е добро и нема да има дополнителни проблеми.

„Кристијан е во добра состојба и самостојно го напушти теренот. Според она што го забележав, пејсмејкерот реагираше навреме и му го спаси животот. Кратко беше без свест, но брзо се освести и беше целосно контактибилен. Ќе бидат направени дополнителни болнички прегледи за да се утврди причината за инцидентот, а ние сме во постојана комуникација со него и со медицинскиот тим. Најважно е што Кристијан се чувствува добро“, изјави Бесен.

Данската фудбалска асоцијација: Ериксен е свесен и добро, со оглед на околностите

Ужасни сцени во Данска: Ериксен колабираше на теренот, натпреварот против Украина прекинат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот