Мила Илиќ Анчева / Фото: Facebook / Eat The Beat - Dance Studio

Сребро за Македонија — Мила Илиќ Анчева стана светска вицешампионка во латино-танци

Македонската танчарка Мила Илиќ Анчева освои сребрен медал на Светското првенство во латино-танци кое се одржа во Австрија.

Илиќ Анчева настапи како дел од репрезентацијата на Македонија и го освои второто место во категоријата „Латин стајл џајв (Latin Style Jive), со што се здоби со титулата светска вицешампионка, споделуваат од танцовото студио „Ит д бит“.

Инаку, таа е член на танцовото студио „Ит д бит“ од Скопје, кое со години е дел од македонската репрезентација во латино-танци и бележи успеси на голем број светски натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот