Тирамису со ф'стаци / Фото: Profimedia

Подобар од тирамису? Рецепт за неодолив колач со ф’стаци и кремасто сирење

Тирамису е еден од најпознатите италијански десерти, направен од пишкоти натопени во кафе, богата крема од маскарпоне и завршен слој какао, пишува „Пун куфер“.

Доколку сте љубители на ф’стаци, оваа варијанта би можела да стане вашиот нов омилен десерт. Наместо класичните вкусови, главната улога ја има кремот од ф’стаци, кој му дава посебна арома и кремаста текстура.

Колачот се подготвува за околу 30 минути, а најголем дел од времето ќе помине во фрижидер додека се стегне.

Состојки

  • 500 мл млеко
  • 450 г маскарпоне сирење
  • 250 г слатка павлака за шлаг
  • 200 г крем од ф’стаци
  • 150 г бел шеќер
  • 100 г ф’стаци
  • околу 30 пишкоти
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • какао во прав за посипување

Подготовка

Најпрво подгответе го кремот. Измешајте го маскарпонето со шеќерот и 150 грама крем од ф’стаци. Посебно изматете ја слатката павлака во шлаг, а потоа внимателно соединете ја со смесата.

Додадете половина од ф’стаците, претходно ситно сомелени, и добро измешајте. Ставете го кремот во фрижидер за малку да се стегне.

Во тенџере измешајте ги млекото, преостанатите 50 грама крем од ф’стаци и екстрактот од ванила. Загрејте ја смесата, но внимавајте да не зоврие.

Потопувајте ги пишкотите кратко во топлата смеса – треба да омекнат, но да не се распаѓаат.

Во правоаголен сад наредете еден слој натопени пишкоти. Одозгора премачкајте половина од кремот. Потоа повторно наредете слој пишкоти и завршете со остатокот од кремот.

По желба, посипете со какао во прав.

Ставете го колачот во фрижидер најмалку четири часа за добро да се стегне. Пред сервирање посипете го со преостанатите ф’стаци и исечете го на коцки.

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот