Варено јајце/Фото: olga Yastremska / Alamy / Profimedia

ВИДЕО | „Корејскиот оземпик“ ги залуди сите — како се подготвуваат јајцата ГЛП за слабеење?

Дали некогаш сте слушнале за јајца ГЛП? ГЛП е кратенка за glucagon-like peptide-1, хормон кој природно се лачи по јадење и учествува во регулирањето на шеќерот во крвта, апетитот, ситоста и празнењето на желудникот. На пошироката јавност ѝ стана познат благодарение на лековите како што се оземпик и вегови кои дејствуваат така што го имитираат ефектот на тој хормон.

На социјалните мрежи деновиве кружи рецепт за појадок наречен GLP-1 eggs (јајца ГЛП-1), а понекогаш се нарекува и „корејски оземпик“. Зад звучниот назив, всушност, се крие многу едноставна комбинација: две варени јајца, обично со малку маслиново, сусамово или масло од перила, заедно со бибер, сол или некој друг солен додаток.

Иако многумина ја критикуваат, идејата не е сосема бесмислена. Јајцата се добар извор на протеини, а оброкот што содржи протеини и масти обично подолго ве држи сити од некакво печиво изедено набрзина. Државниот универзитет во Охајо на својата официјална веб-страница наведува дека протеините можат да го поттикнат ослободувањето на ГЛП-1 и да помогнат во чувството на ситост, а меѓу примерите за протеински намирници ги споменува и јајцата.

Една од оние што го промовираат овој метод за постигнување виткост е инфлуенсерката зад инстаграм-профилот tamskyn, Тами Ведерхед, која ја следат речиси 750.000 луѓе. Во нова објава, таа откри дека и самата јаде „ГЛП јајца“ за појадок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tammy Weatherhead (@tamsskyn)

– Го јадам ова секое утро веќе извесно време, иако одделно, но ова има смисла и објаснува зошто секогаш сум сита! Едноставно, заситувачко и полно со здрави масти кои помагаат подолго време да бидете сити. А покрај тоа… меко варени јајца со крупна морска сол? Врвно! – порачала таа и покажала како да се варат јајцата доволно за белката да се стегне, но жолчката да биде сè уште многу мека (тоа би значело околу 6,5 до 7 минути, во зависност од големината на јајцата и од тоа дали се од фрижидер, а потоа најдобро е да ги ставите во многу ладна вода).

Објавата предизвика лавина од коментари, од воодушевување за евтиниот и едноставен метод, до критики дека описот на готвењето јајца не е рецепт, па до згрозување поради наивноста на оние што мислат дека ова ќе им помогне да ослабат.

Како и да е, треба да знаете дека две јајца со малку масло не се магична формула за слабеење, туку мал оброк со протеини и масти. Ќе му помогне на некого да издржи до ручек без грицкање, на некого нема, а некому едноставно ќе му пречи на желудникот, особено затоа што понекогаш овој рецепт е дополнет со состојки како млад кромид и чили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот