Фото: Приватна архива

Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: мусака со модри патлиџани — сочен и кремаст домашен рецепт

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес – мусака со модри патлиџани.

Фото: Приватна архива

– Мусака со модри патлиџани е вкусно и сочно јадење што освојува со својата слоевита структура и богат вкус. Мирисот на печени патлиџани, ароматичниот сос од мелено месо и нежниот бешамел создаваат совршена комбинација за секој ручек. За разлика од класичната мусака со компири, оваа варијанта е полесна, но еднакво вкусна и заситувачка – порачува Бобе.

Фото: Приватна архива

Состојки:

За мусаката:

– 2-3 модри патлиџани (излупени и исечени)
– морска сол
– маслиново масло
– 50 г лебни трошки
– 230 г рендан кашкавал

За сосот од мелено месо:

– 1 лажица маслиново масло
– 2 главици кромид
– 400 г мелено месо
– 480 г домати
– 4 чешниња лук
– ¼ лажичка цимет
– ¼ лажичка пимент или лут сос
– сол и бел бибер
– 2 лажици доматно пире

За бешамел сос:

– 50 г путер
– 50 г брашно
– 250-350 мл млеко
– сол и бел бибер
– ½ лажичка морско оревче
– 3 жолчки

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Посолете ги модрите патлиџани и оставете ги 45 минути за да ја изгубат горчината.
Измијте ги, намачкајте со маслиново масло и испечете ги од двете страни во грил тава.
Во тава пропржете кромид, додајте месо и запржете. Додајте домати, лук, зачини и доматно пире. Оставете да покрчка.

За бешамел:

Растопете го путерот, додајте го брашното, постепено додавајте млеко, мешајте до згуснување, па додајте ги жолчките.

Редење:

Слој патлиџани, слој месо, кашкавал, повторете ја постапката. Завршете со кашкавал и прелијте со бешамел сосот.

Печење:

На 180 степени околу 60 минути со алуминиумска фолија, а последните 5 минути без фолија.
Оставете да се излади 15-20 минути пред сечење

На здравје!

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот