Бифтек со поточарка / Фото: Panther Media, Panther Media Global / Alamy / Profimedia

Не е ниту спанаќот, ниту брокулата — овој зеленчук е прогласен за најздрав на светот

Научниците составија листа на најхранливи зеленчуци во светот, а само една намирница доби максимални 100 поени. Истражувањето го спроведе американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), а зеленчукот го рангираа според хранливата вредност и густината на хранливите материи.

На списокот се најдоа многу познати намирници како што се морковот, карфиолот, спанаќот и брокулата, но ниту една од нив не постигна совршен резултат. Според пишувањето на британскиот „Дејли експрес“ на врвот се најде поточарката, лиснат зеленчук со препознатлив, малку лут вкус. Таа ја надмина кинеската зелка, блитвата, листовите од цвекло и спанаќот и го освои првото место.

„Поточарката има бројни здравствени придобивки. Богата е со витамин А и калиум, и тоа во поголеми количини од обичната зелена салата“, ги истакнала нејзините вредности д-р Ејми Ли, експертка за исхрана во компанијата „Нуцифик“.

Покрај тоа, содржи големи количини на витамин Ц и обезбедува калциум, железо, витамин Е, витамин К и витамин Б6.

Поточарка / Фото: Akihito Yokoyama / Alamy / Profimedia

Во истражувањето на ЦДЦ биле анализирани повеќе од 40 видови таканаречено „моќно овошје и зеленчук“, односно намирници што се поврзуваат со намалениот ризик од хронични болести. Истражувачите составиле листа врз основа на постоечката научна литература и упатства за исхрана, а потоа за секоја намирница пресметале оценка за густина на хранливите материи.

Каков вид зеленчук е поточарката?

Поточарката припаѓа на семејството зелки, заедно со зелката, кељот, ‘рдоквата и сенфoт. Нејзиниот латински назив, Nasturtium officinale, слободно се преведува како „оној што го пецка носот“, што се однесува на нејзиниот интензивен вкус.

Оваа здрава намирница е поретка од вообичаениот лиснат зеленчук и се смета за донекаде запоставена. Може да се најде на добро снабдени пазари и продавници, а лесно е да се одгледува независно од семето во вашиот дом или градина.

Поточарка засадена дома / Фото: Tetiana Vitsenko / Alamy / Profimedia

Здравствени придобивки на поточарката

Поточарката има високо ниво на аминокиселини и антиоксиданти. Другите придобивки вклучуваат високи количини на железо, калциум, калиум, магнезиум и витамин К.

Содржи поголеми количини железо од спанаќот и од витаминот Ц од лимоните и портокалите.

Поточарка е прогласена за најздрава билка во светот и се смета за суштински дел од урамнотежената исхрана поради изобилството на хранливи состојки кои можат да спречат болести и да ги заштитат спортистите од повреди, соопштија производителите на квалитетна храна од компанијата „Б енд В“.

Јадењето поточарка може потенцијално да ги ублажи несаканите ефекти и кај спортистите: студиите покажуваат дека оние кои ја внесуваат два часа пред исцрпното вежбање во голема мера ги намалуваат шансите за оштетување на клетките во споредба со оние што не ја консумираат.

Секојдневното консумирање поточарка во текот на само два месеца го намалила оштетувањето на ДНК, ефикасно обезбедувајќи им ги на спортистите сите предности од напорното вежбање, без несакани ефекти

Одлично оди со разни јадења

Поточарката лесно може да се вклучи во дневната исхрана.

Најчесто се комбинира во салати, сендвичи и тортилји, може да се додаде во смути или да се служи како додаток на супи и други јадења. Можете да ја додадете и на омлет или пица.

Истражувањето, исто така, покажало дека зелката и зелениот лиснат зеленчук се меѓу најдобро рангираните намирници, додека морковите, доматите, слаткиот компир, цитрусните овошја и бобинките главно се нашле во долната половина од листата.

Салата со поточарка, авокадо и киви / Фото: Zoonar/Katsiaryna Hurava, Zoonar GmbH / Alamy / Profimedia

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот