Зошто кралицата Летиција е една од ретките жени што носат бело пред папата?
Кралицата Летиција беше меѓу главните личности кои го пречекаа папата Лав XIV за време на неговата посета на Шпанија, прва папска посета на земјата во последните 15 години.
Препорачано
За свечената церемонија во Кралската палата во Мадрид, сопругата на кралот Фелипе VI избра елегантен бел фустан со детали од тантела, долги ракави и нагласен струк.
Иако белата боја е невообичаен избор за средба со папата, шпанската кралица има право да ја носи благодарение на една од најретките привилегии што ги признава Ватикан.

Само седум жени можат да носат бело пред папата
Според ватиканскиот протокол, жените за време на официјална средба со папата традиционално носат црна облека и црн вел како симбол на почит и скромност.
Сепак, постои исклучок познат како „Привилегија на белото“ (Le Privilège du Blanc), кој им овозможува на одредени католички кралици и принцези да носат бела облека при средба со Светиот Отец.
Летиција е една од само седумте жени во светот кои го имаат ова право. Во оваа ексклузивна група се и кралицата Софија од Шпанија, белгиските кралици Матилда и Паола, големите војвотки Марија Тереза и Стефанија од Луксембург, како и принцезата Шарлин од Монако.

Ретка чест поврзана со католичките монархии
„Привилегијата на белото“ е една од најретките почести што ги признава Ватикан и има корени во вековните односи меѓу Светата столица и европските католички монархии.
Ова право не го добиваат сите кралски семејства, туку само оние што историски останале поврзани со Римокатоличката црква. Иако носителките на привилегијата не се должни секогаш да носат бело, многу од нив го прават тоа при важни папски аудиенции и церемонии.
Летиција ја искористи оваа можност и при неодамнешната средба со папата Лав XIV, продолжувајќи ја традицијата што ја негуваат шпанските кралици со генерации. Токму затоа секоја нејзина појава во бело во Ватикан предизвикува интерес, бидејќи зад неа стои една од најексклузивните привилегии во современиот црковен и кралски протокол.
ФОТО | Кралицата Летиција се појави со дијамантски ѓердан со долга историја и едноставен црн фустан


