Фото: Аероин / Икс

ВИДЕО | Огнена топка зафати авион што се урна при слетување во Доминиканска Република, нема преживеани

Авион се урна вчера при обид за итно слетување на меѓународен аеродром во Доминиканска Република, при што се случи силна експлозија во која загинаа пилотот и копилотот, објави „Анадолија“.

Авионот „Гулфстрим Г200“ бил на пат кон Остин, во американската сојузна држава Тексас и се наоѓал на околу 16 наутички милји југозападно од меѓународниот аеродром Ла Романа кога прогласил вонредна состојба поради сериозни механички проблеми.

Екипажот се вратил кон аеродромот и се обидел да изврши итно слетување, но авионот се урнал при допирот со пистата, по што се запалил и експлодирал во голема огнена топка.

Според првичните информации, во авионот се наоѓале само двајцата членови на екипажот.

Доминиканскиот институт за цивилно воздухопловство (ИДАК) и Комисијата за истрага на воздухопловни несреќи (ЦИАА) соопштија дека ја истражуваат несреќата.

„Воздухопловните власти ги активираа соодветните протоколи и спроведуваат неопходни истраги за утврдување на причините за инцидентот. И IDAC и CIAA ќе дадат дополнителни информации како што напредува истрагата“, изјавија од институтот.

Засега не се објавени дополнителни детали за падот, а властите сè уште немаат официјално соопштено причина за несреќата.

Стравична несреќа во Хрватска: aвион се урна во Медулин, има загинати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот