ВИДЕО | Силно невреме во Охрид — Чаршијата се стори река, ветрот оштетил далновод
Големо невреме со силен ветер и поројни дождови попладнево го погоди крајбрежјето на Охридското Езеро, а настрадаа Охрид, Струга и поголем број села во околината. Снимките од невремето во Охрид покажуваат како вистинска река тече во стариот дел од градот и во Чаршијата.
Препорачано
Силно невреме проследено со поројни дождови попладнево ги погоди Охрид и Струга. Видеа од невремето се шират на социјалните мрежи, а на нив може да се забележи поплавената охридска чаршија. Во делови од Охрид и Струга дошло и до прекин во снабдувањето со електрична енергија. pic.twitter.com/8G7Ogiq4IL
— 24chasa.mk (@24chasamk) June 8, 2026
Охрид, Струга и околината беа без струја неколку часа, откако, како што соопшти МЕПСО, поради невремето дошло до испад на 110-киловолтен далновод меѓу Охрид и Струга, односно се скинало проводното јаже.
„Дефектот настана во период кога, поради редовни технички зафати за замена на оптичко јаже, плански беше исклучен и 110 kV далекуводот ХЕЦ Глобочица – ТС Струга. Како последица на тоа, регионот на Охрид и Струга остана без напојување со електрична енергија од двата правци“, објаснија од МЕПСО.
Локалните медиуми јавуваат дека се поплавени десетина улици во Охрид, а штетите се утврдуваат.
Силно невреме крај Охридското Езеро, без струја се големи делови од Охрид и Струга


