Фото: Икс

Нетанјаху го послуша Трамп — Израел ги прекина нападите врз Иран

Израел ги прекина нападите врз Иран на барање на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави висок израелски функционер, додека иранското раководство најави дека ќе ги прекине своите операции доколку не продолжат нападите врз Либан, пишуваат американските медиуми.

Трамп лично побарал од премиерот Бенјамин Нетанјаху да не одговара веднаш на иранските ракетни напади и да се избегне ново ширење на конфликтот.

Информацијата доаѓа откако синоќа Иран и Израел разменија огран во најголемата ескалација од априлското примирје досега.

Израелскиот Канал 12 објави дека Тел Авив ги стопира нападите врз Иран по интервенција од Белата куќа.

Во меѓувреме, „Њујорк тајмс“ објави дека Нетанјаху ѝ наредил на израелската армија да ги прекине подготовките за нов напад врз Иран.

Израелски претставници потврдуваат дека засега е донесена одлука за намалување на тензиите, иако конечната одлука за понатамошните чекори сè уште не е официјално соопштена.

„Исламската Република му даде болен одговор на Израел за нападите врз Либан. Во овој контекст, со ова се објавува суспендирање на операциите на вооружените сили“, се додава во соопштението на иранското воено раководство, пренесено од ДПА.

Врховната воена команда на Иран исто така предупреди дека секоја нова израелска акција ќе биде проследена со уште посилен одговор.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека Техеран нема да се повлече пред заканите, но дека останува отворен и дипломатскиот канал.

„Не ги напуштивме ниту бојното поле ниту преговарачката маса“, напиша Пезешкијан на платформата Икс.

И покрај тоа што Израел и Иран соопштија дека ги суспендираат нападите на барање на американскиот претседател Доналд Трамп, двете страни се заканија со пожестоки напади во случај да не се почитува најновото примирје.

„Секој напад од Хезболах врз северната заедница ќе доведе до напад врз Дахија“, наведе премиерот за одбрана на Израел Бени Кац, алудирајќи на упориштето на Хезболах во јужните предградија на Бејрут.

Во меѓувреме иранскиот Совет за национална безбедност ги предупреди САД и Израел дека ако направат уште една грешка регионот ќе се претвори во „пекол“ за нив.

„Четириесет и седум години и 100 дена отпор – од бојното поле до градските плоштади, од градските плоштади до арената на политиката и дипломатијата – го променија светскиот безбедносен поредок. Доколку сатанската ционистичко-американска коалиција направи уште една грешка, регионот ќе стане пекол за нив“, ја пренесе пораката секретарот на Советот, Мохамед Багер Золгхадр.

Нов израелски напад врз Бејрут, прв по прогласеното примирје

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот