Група Ф Фото: Х

Мундијал 2026 | Група Ф: Четири репрезентации со еднакви шанси за пласман понатаму

Светското фудбалско првенство  започнува на 11 јуни кога содомаќинот Мексико ќе игра против Јужна Африка во првиот натпревар на турнирот. Ви ги претставуваме сите 48 учесници кои се распоредени во 12 групи.

Мундијал 2026 | Група А: Четири различни континенти и стилови на игра на едно место

ГРУПА Ф-Холандија,Јапонија,Шведска,Тунис

ХОЛАНДИЈА

Најдобри пласмани: Трипати вицепрваци (1974, 1978 и 2010)

Учества: 12

Рангирање на ФИФА: 7

Холанѓаните се најнесреќната мундијалска нација, зашто се вицепрваци во три наврати, а немаат титула. „Лалињата“ имаат конзистентност, стигнале до нокаут фазата на секое СП на кое учествувале од 1974 година. Во Катар во 2022 година, тие беа елиминирани од шампионот Аргентина на пенали во четвртфиналето. Селектор е Роналд Куман, а Руд ван Нистелрој е асистент. Оваа славна комбинација во Стручиот штаб се очекува да ги однесе Холанѓаните далеку на ова СП. Во секој случај фаворити се за врвот во оваа група. Коди Гакпо од Ливерпул ќе биде главната закана во нападот, поткрепен од искуството на Мемфис Депај. Вирџил ван Дајк останува сидро на одбраната и голема воздушна закана при прекините. Од Џереми Фримпонг и Мики ван де Вен се очекува да играат клучни улоги. Холанѓаните ја започнуваат својата кампања против Јапонија на 14 јуни.

Мундијал 2026 | Група Б: Швајцарците се најголеми фаворити, Kанада ќе го носи товарот на очекувањата

ЈАПОНИЈА

Најдобри пласмани: Осминафинале (2002, 2010, 2018 и 2022)

Учества: осум

Рангирање на ФИФА: 18

Јапонија има огромна репутација за помрсување на сметките на земји со висок профил. Пред четири години Јапонците ја шокираа фудбалската јавност кога ги победија Шпанија и Германија за да ја предводат тогашната „група на смртта“ и стигнаа до осминафиналето по четврти пат. Иако се присутни во раните нокаут фази од нивното деби во 1998 година, „самураите“ сè уште не се пласираа во четвртфинале. Можат ли да го остварат тоа овој пат?
Играчи од врвните европски лиги се Каору Митома (Брајтон) и Ајасе Уеда (Феенорд). Дуото ќе биде клучно за Јапонците во нападот. Селекторот Хаџиме Моријасу освоил три титули во Џеј-лигата со Санфрече Хирошима пред да ја преземе националната функција.

Мундијал 2026 | Група Ц: Бразил секогаш е меѓу фаворитите за титулата, Мароко сонува ново чудо

ШВЕДСКА

Најдобри пласмани: Вицепрваци (1958)

Учества: 13

Рангирање на ФИФА:38

Откако го пропуштија шоуто во Катар, Швеѓаните се враќаат на големата сцена. Дали би можеле да го надминат СП 2018 кога стигнаа до четвртфиналето? Оваа комбинација има потенцијал. Селектор е поранешниот тренер на Брајтон и Челси, Греам Потер. Скандинавците ќе се обидат да го изедначат својот претходен резултат на американска почва, кога освоија трето место на СП во САД 1994. Меѓу ѕвездите од Премиер лигата се напаѓачот на Ливерпул Александар Исак, напаѓачот на Арсенал Виктор Ѓекереш, централниот бек на Астон Вила Виктор Линделоф, напаѓачот на Њукасл Ентони Еланга и играчот од средниот ред на Тотенхем, Лукас Бергвал.

Мундијал 2026 | Група Д: Турција никогаш посилна, „Јенките“ посакуваат успех пред своите навивачи

ТУНИС

Најдобри настапи: Групна фаза

Учества: Седум

Рангирање на ФИФА: 44

Африка ќе се надева дека Тунис ќе направи изненадување и ќе продолжи во нокаут фазата, за првпат. Откако го направија своето деби на мундијалите во 1978 година, Тунижаните никако да ја минат групата. Селектор е Сабри Ламуши, кој го предводеше Брегот на Слоновата Коска на Светското првенство 2014 и ги тренираше Рен и Нотингем Форест. Мохамед Али Бен Ромдан (Ал Ахли, Египет), најдобриот стрелец во квалификациите со четири гола, е нивната ѕвезда. Другите се капитенот и играч од средниот ред Елиес Скири (Ајнтрахт Франкфурт), играчот од средниот ред на Барнли, Ханибал Мејбри и крилниот играч на Копенхаген, Елијас Ачури.

Мундијал 2026 | Група E: „Панцерите“ се кандидати за титулата, Курасао дебитира на големата сцена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот