Марјан Даскаловски / Фото: Фејсбук

Оставка на првиот човек на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски

Претседателот на Општинската организација (ОО) на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски, попладнево на „Фејсбук“ објави дека поднел оставка од партиската функција, која веќе му ја доставил на лидерот на партијата, Венко Филипче.

Даскаловски во објавата пишува дека одлуката ја донел „со мирна совест и чисто срце, водена пред сè од лични причини“.

„Изминатиот период беше исполнет со многу работа, заеднички победи, но и предизвици со кои се соочувавме секогаш со крената глава и со мисла за доброто на Струмица. Чест ми беше да ја предводам Организацијата и да работам со луѓе кои искрено го сакаат својот град. На идниот претседател и на новото раководство им посакувам многу успех, мудрост и нова енергија во водењето на партијата на локално ниво“, вели Даскаловски, кој им се заблагодарува на соработниците од партијата за поддршката и укажаната доверба.

Даскаловски беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Струмица на минатогодишните локални избори, и загуби уште во првиот круг од противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков.

Има ли СДСМ сила за целосен пресврт?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот