Хирурзите во Струга запреа со операции, велат дека одработените часови не им се исплатуваат реално
Хирурзите и анестезиолозите во Струшката болница од 1 јуни ја ограничиле работата исклучиво на итни случаи, а сите планирани операции се одложуваат до понатамошно решение. Тие велат дека ова е последица на долготрајни проблеми со пресметката и исплатата на нивниот труд, кои со години остануваат нерешени, пишува „СДК.мк“.
Препорачано
Лекарите реагираат дека постојниот модел за пресметка на платите е застарен, а дел од реално одработените часови не се признаваат или не се исплатуваат соодветно. Дополнително, велат дека е намален бројот на приправности кои се евидентираат и исплаќаат, а кај анестезиолозите се скратени и часовите што се признаваат за оваа намена, што директно се одразува врз месечните примања.
Тие инсистираат да им се исплатуваат сите реализирани часови, а бараат и редовна исплата на инфективниот додаток, за кој тврдат дека неправедно е изоставен.
Хирурзите посочуваат дека Струшката болница е единствената установа од секундарното здравство во која се изведува висок обем на хируршки интервенции, вклучително и сложени онколошки операции, но и покрај тоа платите, како што велат, остануваат пониски од колегите во други центрим кои имаат значително помал обем на работа.
Мицкоски најави изградба на клиничка болница на платото пред „Борис Трајковски“


