Судски совет / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Брисел по кратка постапка бара измена на реформираниот Закон за Судски совет

– Од рубриката „Верувале или не“, какво Собрание имаме во државата! Кога се прават јавни расправи на одредени закони само „тукутака“, за што алармирав и протестирав во Собранието, ви стасува порака во која по само два месеца откога е донесен Законот, вели Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, по скратена постапка е доставен до Собранието. Не можеме реформски закони, како што е Законот за Судскиот совет, да ги менуваме на два месеца, а притоа да очекуваме доверба во правосудниот систем и правна сигурност во Македонија – вели Зајкова.

Законот за Судскиот совет, кој власта го најавуваше како закон што конечно ќе ги реши сите проблеми во судското тело што со години е мета на критики и скандалозни одлуки, а беше донесен во Собранието во изминатиот декември како дел од реформската агенда, сега повторно ќе се врати пред пратениците.

Донесениот закон, всушност, не го поминал европскиот филтер. Како што дознава „Слободен печат“, Европската комисија констатирала дека во Законот не се внесени сите препораки што ги даде Оценската мисија од 2023 година, по скандалозната смена на тогашната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева.

Зајкова: Носење закони само „тукутака“

Според нашите информации, најмногу забелешки имало за начинот на избор на член на Советот од редот на истакнатите правници. Поточно, иако Оценската мисија точно навела дека овие членови ќе треба да се избираат исто како што се избираат членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата, односно изборот да го направи Работната група за селекција на кандидати за членови на Советот, составена од граѓанските организации, од Здружение на судии, Адвокатска комора, пратеници од власт и опозиција, членот го предлага Комисијата за избори и именувања.

Таков беше случајот и со кандидатот за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, кој според Мрежата за заштита од дискриминација бил анти-ЛГБТ расположен, но и против феминизмот.

Освен овие забелешки, Министерството за правда во исто време го пратило Законот на мислење до Европската комисија и до Собранието, со тоа што Собранието го изгласало пред Европската комисија да даде свое мислење, па поправките ќе се прават отпосле.

За новите стигнати измени, на Фејсбук алармираше пратеничката и лидер на Либерално-демократската партија Моника Зајкова, која критикуваше како тоа по само два месеца од усвојувањето на реформскиот закон, сега повторно ќе треба да се менува.

 

Кандидат за градоначалник од Вреди и повереник на Владата во Гостивар сакаат да бидат членови на Судски совет

– Од рубриката „Верувале или не“, какво Собрание имаме во државата! Кога се прават јавни расправи на одредени закони само „тукутака“, за што алармирав и протестирав во Собранието, ви стасува порака во која по само два месеца откога е донесен Законот, вели Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, по скратена постапка е доставен до Собранието. Не можеме реформски закони, како што е Законот за Судскиот совет, да ги менуваме на два месеца, а притоа да очекуваме доверба во правосудниот систем и правна сигурност во Македонија – вели Зајкова.

Забелешки за Законот имало и од Венецијанската комисија во однос на оценувањето на судиите, па сега со овие предлог-измени, и овие забелешки ќе се земат предвид. „Слободен печат“ испрати прашања до Министерството за правда – какви забелешки конкретно има Европската комисија и зошто пратениците сега повторно ќе разгледуваат измени на Законот, но оттаму ни најавија дека одговор ќе добиеме дополнително.

Очекуваните 6,4 милиони евра предвидени во Реформската агенда не се исплатени

Како што веќе објави „360 степени“, Брисел одбил да ги исплати очекуваните 6,4 милиони евра предвидени во Реформската агенда за носење нов Закон за Судскиот совет, затоа што власта побрзала да го донесе пред текстот да добие зелено светло од Европската комисија. Ова на пратенички прашања го потврдил и премиерот Христијан Мицкоски.

– Петтиот индикатор, и покрај тоа што мина Законот за Судскиот совет, има одредени лесни забелешки, кои мислам дека се прифатливи и тие многу скоро ќе се најдат пред пратениците за усвојување. Не е ништо суштинско, но е во рамките на барањата на ЕК – изјави премиерот Мицкоски.

Собранието на 29 декември, со 73 гласа „за“ и еден „воздржан“ го донесе Законот за Судскиот совет. Главната цел на законските измени е да ги отстранат досега утврдените слабости во постојната правна рамка и да обезбедат пофункционален, транспарентен и отчетен Судски совет.

Адвокатката Јошевска – Анастасовска и професорката Кадри Шахиновиќ се реформаторките кои ги предложи претседателката

Клучни новини беа јавност во постапката за разрешување претседател на Судскиот совет, прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“ и воведување јавна расправа при избор на кандидатите за т.н. несудски членови со цел поголема транспарентност и одговорност.

Воедно, предвидено е и зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите, јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на Судскиот совет.

Овој закон, заедно со другите правосудни закони, е дел од целите на ЕУ за зајакнување на владеењето на правото. ЕУ во своите извештаи често укажува на политички влијанија, слаба одговорност и недоволна транспарентност на оваа институција.

Унијата нагласува дека непристрасен, независен и транспарентен Судски совет е клучен за довербата во правосудството и за напредок во пристапните преговори на земјата во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот