Јошевска / Кадри Шахиновиќ / Фото: „Слободен печат“

Адвокатката Јошевска – Анастасовска и професорката Кадри Шахиновиќ се реформаторките кои ги предложи претседателката

Адвокатката Сузана Јошевска – Анастасовска и професорката Арлинда Кадри – Шахиновиќ се реформаторките кои ги предложи претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за членови на Судскиот совет. Од Кабинетот на претседателката не ги потврдија имињата, а од Собранието потврдија само дека претседателката ги доставила предлозите, а медиумите веќе неофицијално ги објавија имињата.

– Ве информираме дека по истекот на vacatio legis и стапувањето во сила на новиот Закон за Судскиот совет, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова достави предлог за кандидати за членови на Судскиот совет – рекоа од Кабинетот на претседателката.

Јошевска – Анастасовска често ги споделуваше своите ставови јавно на социјалните мрежи и медиумите, а последно реакции предизвикаа нејзините ставови за обвинението за трагедијата во Кочани, каде беше бранител на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски.

Кадри-Шахиновиќ пак беше дел од претседателската Комисија за помилување чии членови колективно поднесоа оставки откако помилуваа еден од водачите на криминалната група „Барон“. Таа е професорка на еден од приватните факултети.

Претседателката чекаше да се донесе новиот Закон за судски совет со поригорозни критериуми за да предложи нови членови во Советот на местото на поранешната претседателка на Судски, Весна Дамева и Миљазим Мустафа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот