Хрватска полиција
Хрватска полиција/ Фото: ЕПА

Украинец ја убил својата сопруга во Загреб — ја турнал од врвот на зграда

Во станот каде што живеела жената, бил пронајден нејзиниот 47-годишен сопруг, исто така државјанин на Украина, со регулиран статус во Република Хрватска, во видливо расеана и алкохолизирана состојба.

Четириесет и шестгодишна државјанка на Украина во саботата починала по пад од зграда во Загреб, пренесуваат хрватските медиуми. Според информациите, жената паднала откако сопругот ја турнал од врвот на зградата. Станува збор за украински брачен пар.

Како што соопшти полицијата, по пристигнувањето на местото на настанот, било утврдено дека 46-годишна државјанка на Украина, со регулиран статус во Република Хрватска, починала паѓајќи од зградата, но првично не се знаела причината за падот.

Во станот каде што живеела жената, бил пронајден нејзиниот 47-годишен сопруг, исто така државјанин на Украина, со регулиран статус во Република Хрватска, во видливо расеана и алкохолизирана состојба.

Пресврт во истрагата

На местото на настанот е спроведена истрага во соработка со Окружното јавно обвинителство во Загреб, а телото на починатата жена е транспортирано во Институтот за судска медицина. Иако првите информации не укажувале на кривично дело, обемната кривична истрага довела до нови сознанија. Поради оваа причина, 47-годишниот маж е уапсен во неделата, под сомнение за сторено тешко убиство.

Кривичната истрага продолжува за да се утврдат сите околности на овој случај.

Трагедија во Србија: Две 15-годишни момчиња се удавија во Јужна Морава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот