Вучиќ: Ако не вложуваме во војската, Србија би ја снемало за 48 часа
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека Србија не би постоела во рок од 48 часа ако не троши пари за војската, објави „Данас“.
Препорачано
„Би нè проголтале и би нè изеле ако не е така. Погледнете само какво ни е опкружувањето, а не сакам ни да зборувам за големите сили. Со инвестирањето во војската го чуваме нашето небо и земја и никој нема да се осмели да нè нападне. Некогаш можевме да собориме два или три агресорски авиони, денес никој не би можел да ја нападне Србија без да претрпи стотици пати поголеми загуби“, изјави Вучиќ, гостувајќи на изборното собрание на Партијата на обединетите пензионери, земјоделци и пролетерите на Србија – Солидарност и правда (ПУПС).
Тој порача дека верува оти со претставниците на ПУПС ќе настапат заедно на изборите и дека ќе успеат да победат и да продолжат со започнатите промени и покрај големите предизвици.
„Понекогаш помалите по број имаат поголеми идеи и тоа не може веднаш да се разбере, но ние секогаш се трудевме да имаме коректен однос и да дадеме барем онолку колку што е потребно за партнерот да биде задоволен“, додаде Вучиќ.
На изборното собрание, Милан Кркобабиќ повторно беше избран за претседател на ПУПС.
Вучиќ го нарече Трамп „убедливо најпопуларниот политички лидер на САД во Србија“


