Трамп ги повлекува воените авиони од Софија
Четири танкер-авиони на американските воздухопловни сили го напуштија аеродромот „Васил Левски“ во Софија, што е прво видливо намалување на присуството на американската воена авијација стационирана во Бугарија веќе неколку месеци. Според податоците од платформата за следење на летови „Флајтрадар24“, авионите што го напуштија бугарскиот главен град беа авиони за полнење гориво „боинг КЦ-135 стратотанкер“, објавија бугарските медиуми.
Препорачано
Американските воени авиони имаат дозвола да останат на аеродромот „Васил Левски“ до 30 јуни. Бугарската влада го продолжи рокот за сојузниците да можат да ги презакажат своите операции и да најдат друга локација.
Се работи за стратешки танкери „Боинг КЦ-135 Стратотанкер“, како и транспортни авиони „Локхид Ц-130 Херкулес“ и „Боинг Ц-17 Глоубмастер III“. Нивната мисија е од невоена природа и тие обезбедуваат логистичка поддршка на операциите на сојузниците на НАТО во регионот. На најмногу 500 воени лица им е дозволено да останат во земјата.
На крајот на мај, Советот на министри им ја продолжи дозволата за престој, во замена за барање за укинување на визите за бугарските граѓани.
Радев разговарал со Трамп за укинување на американските визи за Бугарите
„На последниот состанок на Советот на министри, објавив дека за време на разговор со американскиот претседател, побарав укинување на визите за бугарските граѓани“, рече тогаш премиерот Румен Радев.
Тој објави дека досега немало позитивен одговор, па затоа Бугарија не може позитивно да одговори на барањето за долг престој на авионите и цистерните на аеродромот во Софија.


