Бехтел и Енка, изградба на автопат / Фото: Фејсбук

Од буџетот веќе нема да се плаќаат „Бехтел и Енка“, за автопатите Владата зема кредит од домашни банки

Државата, која досега редовно ги исплаќаше обврските кон американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за автопатите од Коридор 8 и Коридор 10Д, сега ќе ги финансира со кредит од четири македонски банки- пишува Фактор. Одлуката била донесена на седница на Владата на 2 јуни.

Кредитот ќе изнесува 140 милиони евра, со рок на користење 30 месеци, грејс период од три години и отплата во следните 12 години. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска е овластена да ја потпише државната гаранција, која го покрива главниот долг, каматата и провизијата во случај Јавното претпријатие за државни патишта не ги исполни обврските кон банките.

„Со оваа одлука, Владата издава државна гаранција со која го гарантира навремено и целосно исполнување на обврските на Јавното претпријатие за државни патишта кон четирите банки по основ на провизија за одобрен, а неискористен износ на кредит, главен долг и камата“, стои во објавата во Службен весник.

На истата седница беше одобрена и државна гаранција за заеднички кредит од 176,5 милиони евра за доизградба на автопатот Кичево – Охрид, кој досега се финансираше од кинеската Ексим-банка. Условите за кредитот се идентични како за „Бехтел и Енка“.

Продолжен е рокот за делниците Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани

Претходно, владата најави дека кинеското финансирање за Кичево – Охрид престанува, но за автопатите на „Бехтел и Енка“ не беше најавено земање кредит, што предизвика изненадување со грејс периодот од три години и висината на финансирањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот