Александар николоски / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Продолжен е рокот за делниците Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани

Александар Николоски денеска соопшти дека рокот за изградба на автопатските делници Тетово–Гостивар и Гостивар–Букојчани ќе биде продолжен за две години, односно до декември 2029 година.

Изјавата ја даде при увид на градежните активности, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

Според Николоски, причината за пролонгирањето е двегодишниот застој на проектот за време на претходната влада.

„Надзорниот инженер на проектот во ноември побара да се надополни тој период од рокот за изградба и немавме друг избор освен да прифатиме“, изјави Николоски.

Тој нагласи дека не очекува зголемување на цената на проектот што го реализира конзорциумот „Бехтел и Енка“.

„Експропријацијата е завршена и не очекувам да има анекс за зголемување на цената“, рече министерот.

Николоски посочи дека еден од главните предизвици е дислокацијата на бројни инфраструктурни водови долж трасата, меѓу кои главни оптички врски, далноводи, водоводни и канализациони линии, како и главниот канал за наводнување на Полог.

„Мора да се биде внимателен за да не се нарушат овие системи“, рече тој.

За делницата Гостивар–Букојчани, министерот оцени дека теренот е „почист“, но изградбата ќе биде посложена поради планинскиот предел околу Буковиќ.

Дополнителен предизвик, според него, е поврзувањето на бројните населени места и општини меѓу Тетово и Гостивар преку надвозници и приклучоци.

Николоски најави и дека во меѓувреме ќе продолжи одржувањето на постојниот пат Тетово–Гостивар, со цел непречен сообраќај кон Маврово. објави Скопје1.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот