Христијан Мицкоски/ Фото: Фејсбук

Мицкоски: Наскоро ќе откриеме што се слушило во Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека истрагата за случајот со масовните стомачни тегоби во Гостивар е во завршна фаза и дека јавноста наскоро ќе добие одговор што точно се случило, како и кој ќе сноси одговорност.

При денешната посета на Општина Дебарца, Мицкоски изјави дека сите надлежни институции се на терен и дека се спроведуваат обемни проверки, вклучително и анализа на мостри од водата, додека постапка води и Јавното обвинителство.

-Многу скоро ќе излеземе со информација за тоа што се случило, кој ја дал наредбата тоа да се случи и, се разбира, ќе има одговорност- изјави премиерот.

Тој оцени дека е шокантно тоа што, според неговите зборови, некој постапувал толку неодговорно, нагласувајќи дека ваквиот случај нема да остане без последици.

-Не можам да разберам како некој може толку дрско и несовесно да се однесува. За мене ова е шокантно и неверојатно. Но, овој случај нема така да заврши – ќе има одговорност, а таа ќе се утврдува и низ судска постапка- порача Мицкоски.

Премиерот не откри дополнителни детали за текот на истрагата, но посочи дека резултатите од анализите и утврдените факти ќе бидат соопштени во најскоро време.

„Нема да добијат ниту денар повеќе“: Мицкоски со остра порака до судиите и обвинителите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот