Шок на пазарот- златото падна на 120 евра за грам

Изненадувачки пресврт на пазарот на благородни метали. По неколкумесечниот раст на цените на златото повторно пад минатата недела, кој продолжи и денес. Денеска се тргува по 120 евра за грам или унца (31,1 грам) чини 3.739 евра предизвикувајќи внимание кај инвеститорите, штедачите и граѓаните кои внимателно ги следат движењата на пазарот.

Според трговците со благородни метали, падот доаѓа по период на високи цени и засилени очекувања за промени на глобалните финансиски пазари. Иако златото традиционално се смета за „сигурно засолниште“ во време на економска неизвесност, денешното намалување на вредноста отвори бројни прашања за тоа во која насока ќе се движи цената во наредниот период.

Продолжува падот на златото, денес грам се тргува за 122 евра

Експертите оценуваат дека ваквите осцилации не се невообичаени, но предупредуваат дека инвеститорите треба внимателно да ги следат меѓународните економски показатели, движењата на доларот и политиките на централните банки. Дел од аналитичарите сметаат дека падот може да претставува добра можност за купување, додека други предупредуваат дека пазарот сè уште е нестабилен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот