ДЗС: За една година трошоците на живот се зголемени за 4,8 проценти
Трошоците на живот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат раст од 4,8 %, додека цените на мало се зголемени за 5,6 %, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Инфлацијата измерена преку индексот на трошоците на животот во мај, во однос на април, изнесува 0,6 %. Најголем пораст е забележан кај транспортот – 1,6 %, следен од облека и обувки, како и храна и безалкохолни пијалаци, со пораст од по 1,0 %.
Препорачано
Зголемување има и во рекреација, спорт и култура (0,9 %), информации и комуникации (0,7 %) и ресторани и услуги за сместување (0,5 %). Помалку расте здравствената заштита и трошоците за домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, со само 0,1 %.
Намалување на трошоците е забележано кај лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги (-0,4 %), како и кај покуќнина и опрема за домаќинствата (-0,1 %). Трошоците за услуги за образование, осигурување и финансиски услуги, како и алкохолни пијалаци, тутун и наркотици остануваат непроменети. Цените на мало во мај, во однос на април, се зголемени за 0,8 %, што покажува дека купувачката моќ на граѓаните полека се намалува.


