Фото: Методи Здравев/Слободен печат

Вардар го продолжи договорот вреден еден милион евра годишно

Македонскиот шампион Вардар и во наредната сезона ќе ја има поддршката од својот генерален спонзор, откако клубот и „Новоматик Македонија“ постигнаа договор за продолжување на соработката.

Според договореното, „црвено-црните“ ќе продолжат да располагаат со финансиска поддршка од еден милион евра годишно.

Продолжувањето на партнерството беше официјализирано на прес-конференција на која присуствуваа претставници на менаџментот на „Новоматик Македонија“, капитенот на Вардар, Горан Закариќ, како и членови на клубот и компанијата.

„Во Новоматик Македонија во чија групација се светски реномираните брендови Адмирал, Астра и Казино Фламинго, сме многу горди што ги поддржуваме амбициите на најтрофејниот македонски клуб кога беше најтешко и кога ФК Вардар требаше да се подигнува од амбисот. Уште повеќе што нашата повеќегодишна соработка ја крунисавме со нова титула на ФК Вардар. Денес, заедно со капитенот, Горан Закариќ, објавуваме дека светскиот шампионски бренд во игрите на среќа ја продолжува поддршката на македонскиот фудбалски шампион Вардар! Патот до спортскиот успех на ФК Вардар беше тежок, но ние никогаш не престанавме да веруваме. Како што сега веруваме дека следуваат уште многу блескави спортски успеси“, изјави на прес конференцијата по повод продолжувањето на договорот, г-динот Петар Пенчев претставник на менаџментот на Новоматик Македонија.

На почетокот од своето обраќање капитенот на тимот Закариќ изрази благодарност.

„Дозволете на почетокот во името на менаџментот на клубот, играчите и навивачите јавно да упатам благодарност што „Новоматик Македонија“ беа со нас кога ја започнавме најтешката битка за враќање на довербата на навивачите, на спортската, но и на пошироката јавност. Довербата на Новоматик Македонија во нашиот проект придонесе да ја освоиме 12-та титула фудбалски шампион во македонското национално првенство“, истакна капитенот на ФК Вардар, Горан Закариќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот