Фатјон Буњаку/Federata e Futbollit e Kosovës -

Косовскиот фудбал завиен во црно – во сообраќајна несреќа загина репрезентативец

Косовскиот фудбал е завиен во црно по трагичната смрт на младиот фудбалер Фатјон Буњаку, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа на само 22-годишна возраст.

Трагедијата се случила во неделата наутро на патниот правец меѓу Митровица и Приштина. Според првичните информации, во несреќата биле повредени уште три лица. Буњаку бил итно пренесен во болница, но лекарите не успеале да го спасат поради сериозноста на повредите.

Младиот играч во текот на својата кариера настапуваше за неколку клубови во Косово, меѓу кои Трепча, Лирија, Гњилани и Малишева. Дел од својата фудбалска приказна градеше и надвор од земјата, носејќи ги дресовите на Елбасани во Албанија и хрватскиот клуб Змај.

Буњаку беше и член на младинските селекции на Косово, а во еден период доби и повик за собир на сениорската репрезентација, што се сметаше за потврда на неговиот потенцијал.

Од Фудбалскиот сојуз на Косово изразија длабоко сочувство до семејството и најблиските на младиот фудбалер, нагласувајќи дека неговата прерана смрт претставува огромна загуба за косовскиот спорт и за фудбалската заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот