Опасни змии ги вознемирија Швајцарците, размислуваат за промена на базата во САД
Необичен проблем ја вознемири фудбалската репрезентација на Швајцарија во пресрет на Светското првенство, откако во непосредна близина на нивниот тренинг-камп во Калифорнија беше забележано присуство на отровни змии.
Препорачано
Додека националните селекции низ САД, Канада и Мексико ги прават последните подготовки за мундијалот, Швајцарците се соочија со ситуација каква што ретко се гледа на големите спортски натпреварувања.
Швајцарската репрезентација за своја база го избра Сан Диего, но веднаш по пристигнувањето добила предупредување за опасност од отровни змии во близина на тренинг-комплексот. На официјалната мапа на кампот, објавена од Швајцарскиот фудбалски сојуз, голем дел од просторот околу терените е означен како зона со зголемен ризик од средба со змии.
Во овој регион живеат четири видови отровни ѕвечарки. Поради тоа, фудбалерите и членовите на стручниот штаб добиле посебни безбедносни насоки и предупредување да не се приближуваат до означените делови од комплексот.
— OvoOno (@OvoOnoX) June 8, 2026
Станува збор за најраспространетата отровна змија во тој дел од Калифорнија, која често може да се сретне и во близина на населени места, паркови и спортски објекти. Достигнува должина од 60 до 140 сантиметри и е препознатлива по карактеристичниот звук што го создава со опашката пред да нападне.
Експертите посочуваат дека во најголем дел од случаите ѕвечарките избегнуваат контакт со луѓе, но доколку се почувствуваат загрозени можат брзо да заземат одбранбена положба и да нападнат.
Дополнителна загриженост предизвикува фактот што нивниот отров се смета за еден од посилните меѓу американските видови. Научните истражувања покажуваат дека кај одредени популации се забележани и невротоксични ефекти кои можат да предизвикаат сериозни здравствени последици доколку не се обезбеди итна медицинска помош.
Случајот предизвика големо внимание во јавноста, а според дел од медиумите, во швајцарската федерација веќе се разгледуваат дополнителни безбедносни мерки за да се спречи каков било инцидент за време на престојот на репрезентацијата во Калифорнија.
Се споменува и можноста за промена на сместувањето или дополнително обезбедување на постојниот камп, иако конечна одлука сè уште не е донесена. Швајцарците наводно не ја исклучуваат можноста да го напуштат кампот доколку проблемот не биде решен во најкус можен рок.


