Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Историјата на Мундијалите: Како Светското првенство се менуваше низ децениите

До стартот на Светското првенство во фудбал нѐ делат само три дена, а фудбалската треска веќе ја зафати целата планета.

Мундијал 2026 | Група E: „Панцерите“ се кандидати за титулата, Курасао дебитира на големата сцена

За првпат дури 48 репрезентации ќе тргнат во борба за најважниот трофеј во фудбалскиот свет, а кој оваа година ќе се искачи на светскиот врв и кој во следните четири години ќе може да се нарекува најдобар на светот, ќе дознаеме на 19 јули, кога е закажан 104. натпревар, односно финалето.

Натпреварувањето кое е создадено пред речиси еден век, а чија стогодишнина ќе биде одбележана во 2030 година, низ претходните децении доживеа бројни промени. Ова се историските моменти кои придонесоа Мундијалот да стане тоа што е денес:

Кога фудбалот станува уметност – петте мундијалски титули на Бразил

1930 година: Одржано е првото Светско првенство на кое учествувале 13 репрезентации, поканети од страна на светската фудбалска куќа (ФИФА);
1954 година: Мундијалот во Швајцарија е првото Светско првенство на кое биле емитувани телевизиски преноси од натпреварите;
1970 година: За првпат се емитувани телевизиски преноси во боја од Светското првенство, кое се одржало во Мексико;
1974 година: Откако Бразил ја освоил својата трета светска титула на претходниот Мундијал во Мексико, оригиналниот трофеј „Жил Риме“ трајно им припаднал на „кариоките“. Светското првенство во 1974 година во Западна Германија беше првото на кое денешната „божица“ станала симбол на најдобриот тим на планетата;
1982 година: Натпреварувањето во Шпанија е првото на кое учествувале 24 репрезентации, а запаметено е и како прво на кое пеналите се користеле за одлучување на победникот доколку натпреварот завршел нерешено;
1994 година: Турнирот во Соединетите Американски Држави е првото Светско првенство во историјата чие финале било решено по пенал-серија;
1998 година: Во Франција, за првпат на завршниот турнир настапиле 32 репрезентации;
2002 година: За првпат Мундијалот е организиран во две држави – Јапонија и Јужна Кореја;
2010 година: Африканскиот континент за првпат во историјата е домаќин на завршниот турнир;
2014 година: Гол-технологијата беше применета на Светското првенство;
2018 година: На турнирот во Русија, Антоан Гризман стана првиот стрелец на гол постигнат по употреба на ВАР-технологијата, која му сигнализираше на главниот судија за прекршок за најстрога казна;
2026 година: Турнирот се одржува со дури 48 репрезентации, а за првпат дури три земји се коорганизатори.

Мундијалот низ историјата: Герд Милер, гол-машина во едно поинакво време

Еволуцијата на натпреварувањето е повеќе од очигледна, а останува да се види што ќе ни донесат наредните години и децении.

Рекорд што трае 24 години – како Хакан Шукур ја затресе мрежата по само 11 секунди на СП 2002

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот