Италија Фото: EPA/DUMITRU DORU

Италијанците го избрале новиот селектор, познато лице се враќа на клупата

Италијанската фудбалска репрезентација поминува низ турбулентен период по неуспехот да се пласира на трето последователно Светско првенство, но според тамошните медиуми, веќе е избран наследникот на Џенаро Гатузо.

Според информациите на Џанлука Ди Марцио и Николо Шира, Роберто Манчини се враќа на клупата на „аѕурите“, а неговото враќање е веќе речиси завршена работа и се чека само официјализација.

Италијанските медиуми пренесуваат дека за поранешниот селектор е подготвен долгорочен договор до 2030 година, според кој би заработувал околу два милиона евра по сезона.

Планот е Манчини да ја води репрезентацијата сè до крајот на циклусот за Светското првенство 2030, но во него ќе има  клаузула за прекин на соработката и порано доколку Италија повторно не ги исполни очекувањата во квалификациите.

Додека се чекаше конечниот договор, привремено селекторската функција ја извршуваше Силвио Балдини, кој е предводник на италијанската селекција до 21 година. Тој забележа две победи во пријателските натпревари, совладувајќи ги Луксембург и Грција со идентични 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот