Возило на брза помош / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Скопјанец со мотор излетал од патот кај Козјак, со тешки повреди е пренесен на Клиника

Триесет и шестгодишен скопјанец е тешко повреден откако со моторот излетал од регионалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак, во близина на селото Нова Брезница, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 07 јуни попладне во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак, во близина на с. Нова Брезница, 36-годишниот В.М. од Скопје, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот“ соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје.

Им скршил ретровизор кај Шишево, па му пукале во глава: Двајца браќа ќе одговараат за обид за убиство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот