Национални шуми / Фото: МВР/Фејсбук

Поранешен директор на „Национални шуми“ продавал опожарено дрво по стари цени — направил штета од над 32.500 евра

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против 52-годишниот В.Г. од Битола, поранешен директор на ЈП„Национални шуми“, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Тој се товари дека преку примена на застарен ценовник овозможил шест приватни фирми да купат дрвна маса по нереално ниски цени.

„Пријавениот В.Г., поранешен директор на ЈП ‘Национални шуми’, ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што во периодот од 13.02.2023 до 07.05.2024 склучил и потпишал осум договори за купопродажба на опожарена дрвна маса со шест правни лица, при што во договорите се повикал на ценовник за цени на дрвни сортименти кој во моментот бил неважечки и во кој биле наведени пониски цени од важечкиот ценовник. Во сите осум склучени договори за купопродажба на опожарени дрвни сортименти биле наведени цени од ценовник од 05.12.2014 и во кој цените биле пониски од важечкиот ценовник од 21.07.2022 година“, соопшти МВР.

Сите осум договори биле реализирани со што пријавениот овозможил шест правни лица да се стекнат со имотна корист од 2.053.838 денари и за тој износ била предизвикана штета на ЈП „Национални шуми“.

Тројца мажи вчера биле пронајдени починати во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот