Полуматуранти / Фото: Општина Ѓорче Петров

Полуматурска парада во Ѓорче Петров, ќе се слави со зурли, тапани и ора

Под покровителство на Општина Ѓорче Петров, а во организација на ЕФЗ „Седум осмини“, в среда на 10 јуни 2026 година, со почеток во 10 часот, во реонскиот парк во Ѓорче Петров, за првпат ќе се одржи „Полуматурска парада 2026“.

Овој настан има за цел да ги обедини полуматурантите од шесте основни училишта на територијата на општината и на достоинствен, радосен и свечен начин да го одбележи нивниот значаен образовен чекор. Програмата ќе биде исполнета со зурли и тапани, македонски народни ора, дружење, позитивна енергија, како и доделување награди за ученици и наставници кои со својот труд, посветеност и резултати дале особен придонес во воспитно-образовниот процес – информираат од Ѓорче Петров.

Фото: Општина Ѓорче Петров

Оттаму додаваат дека полуматурската парада претставува прослава на младоста, успехот, традицијата и заедништвото и ги повикуваат  родителите, наставниците, учениците и сите сограѓани да присуствуваат на настанот и заеднички да им дадат поддршка на полуматурантите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот