Фото: Слободен печат / илустрација

Трагедија во Србија: Две 15-годишни момчиња се удавија во Јужна Морава

Две 15-годишни момчиња се удавија во неделата во Јужна Морава во близина на селото Сталаќ, потврди Полициската управа Крушевац. Според информациите, момчињата се удавиле додека ловеле риба во близина на железничкиот мост над Јужна Морава во Сталаќ, објави Н1.

Според медиумските извештаи, момчињата наводно биле повлечени од вртлог. Н1 пренесе дека нема елементи на кривично дело во трагедијата. Се утврдуваат околностите под кои дошло до трагедијата, а надлежните органи спроведуваат истрага за случајот.

Трагичниот настан предизвика шок и тага кај жителите на Сталаќ и околните места.

Во неделата се случила уште една трагедија, 13-годишно девојче се удавило во Велика Морава во близина на Велика Плана. Телото на девојчето го пронашле жандармериските нуркачи вчера попладне, околу 17 часот.

Како што пренесува Н1, девојчето шетало со својата другарка покрај реката пред да се удави.

ВИДЕО | Дете изгоре во пожар во Бања Лука

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот