Полицајци во Босна / Фото: Профимедиа

ВИДЕО | Дете изгоре во пожар во Бања Лука

Шестгодишно дете загина во пожар што се случи утрово во населбата Лауш во Бања Лука, пренесе Кликс.ба.

Според информациите, пожарот се случил утрово околу 10:30 часот и по пријавата, припадници на Противпожарната бригада на Бања Лука, службите за итни случаи и полицијата излегоа на терен.

Командантот на Противпожарната и спасувачка бригада на Бања Лука, изјави за „Независне новине“ дека пожарникарите добиле пријава дека има пожар во населбата Лауш во Бања Лука.

„Во извештајот беше наведено дека имало пожар во куќа каде што има луѓе, и тоа е сè што можам да кажам. Пожарникарите ја завршуваат интервенцијата и се враќаат“, рече командантот Мирослав Малиниќ.

Мелони го осуди бруталното убиство на четворица мигранти запалени живи во кола во Италија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот