Џорџа Мелони / Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Мелони го осуди бруталното убиство на четворица мигранти запалени живи во кола во Италија

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера изјави дека е шокирана од убиството на четворицата странски работници кои биле живи запалени во автомобил, објави „Анса“.

Жртвите – тројца Авганистанци и еден Пакистанец – биле убиени во понеделникот, наводно од двајца пакистански посредници кои ги превезувале дома по ден работа на берење јагоди.

Осомничените се уапсени под сомнение за однапред планирано убиство.

Според истрагата, тие ги заклучиле работниците во возилото, истуриле запалива течност и го запалиле, бидејќи работниците барале подобри плати и услови.

Еден од работниците, Авганистанец, успеал да го скрши задното стакло на возилото и да избега.

„Страшното убиство на четворицата земјоделски работници во Калабрија нè шокираше сите“, напиша Мелони на платформата Икс.

https://www.slobodenpecat.mk/meloni-veli-deka-migrantite-go-zgolemuvaat-nasilstvoto-vrz-zhenite-vo-italija/

Таа додаде дека првите апсења, овозможени и со доказите собрани преку видеонадзор во областа, претставуваат важен чекор кон утврдување на вистината и одговорноста.

„Моите мисли се со жртвите и нивните семејства. Италија не се повлекува пред насилството и бруталноста: неопходно е целосно да се расветли овој страшен злостор и сите одговорни да бидат изведени пред лицето на правдата“, изјави таа.

Наводното злосторство се случило во селото Амендолара, во близина на Козенца, во јужната италијанска покраина Калабрија — регион каде што бројни слабо платени работници работат на полињата берејќи култури како лубеници и домати, под контрола на посредници.

Жртвите се Пакистанецот Васим Кан, на возраст од 29 години, и Авганистанците Амин Фазал Кохгјани, кој имал 28 години, 19-годишниот Улах Исмат Киеми и 27-годишниот Сафи Јајад.

Тие биле идентификувани врз основа на документи пронајдени во станот каде што живееле со други мигранти, меѓу кои и единствениот преживеан, 35-годишниот Авганистанец Мохамад Таџ Аламјар, кој успеал да избега со кршење на прозорец.

Двајцата уапсени се пакистанските државјани Сафир Ахмед и Али Раза, на иста возраст од 31 година.

Италија: Крајбрежната стража спаси 45 нелегални мигранти кај Лампедуза, петмина се водат како исчезнати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот