Фото: X

ВИДЕО | Босански навивачи на мост во Торонто со часови ги чекале фудбалерите за кратко да ги поздрават

Босанската фудбалска репрезентација беше дочекана со големо воодушевување од дијаспората во Канада, откако пристигна во Торонто, каде навивачите им приредија несекојдневен пречек.

Група навивачи се собраа на мост над автопатот по кој репрезентативците се движеа од аеродромот кон својот хотел. Со знамиња, навивачки реквизити и песни посветени на Босна и Херцеговина, тие со часови трпеливо го чекале моментот кога ќе помине тимскиот автобус.

Иако возилото не застана за директен контакт со навивачите, тоа не ја намали еуфоријата кај присутните. Напротив, тие со аплаузи и силни извици на поддршка ги поздравија фудбалерите и им дадоа силен ветер во грб пред натпреварите.

БиХ на Светското првенство ќе настапи во група заедно со домаќинот Канада, Катар и Швајцарија.

Опасни змии ги вознемирија Швајцарците, размислуваат за промена на базата во САД

Њујорк под закана на голем хаос: Франција и Сенегал може да играат во ист ден со финалето од НБА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот