Распишан тендерот за изработка на проект за реновирање на базенот „Карпош“
Рокот за изготвување на овој проект е шест месеци, што значи избраната компанија ќе треба до крајот на декември да го изготви проектот за реновирање на објектот при СЦ „Борис Трајковски“.
Спортскиот центар „Борис Трајковски“ распиша тендер за изработка на проект за реновирање на целиот објект на базенот „Карпош“, кој, како што информираа од спортскиот центар, ќе остане отворен во текот на летната сезона и ќе се затвори наесен, со цел да се остави простор за да се најде соодветна алтернатива за пливачите.
Препорачано
Тендерот е поделен на два дела, едниот за изработка, а вториот за ревизија на проектот за обнова на базенот „Карпош“, а пријавувањето за учество во јавната набавка ќе трае до 25 јуни.
Рокот за изготвување на овој проект е шест месеци, што значи избраната компанија ќе има рок до крајот на декември да го изготви проектот за реновирање на објектот при СЦ „Борис Трајковски“.
Како што претходно информираше директорот Данијел Апостолоски, предвидена е обнова на целиот објект, а зафати ќе има на покривот, во коритото на базенот, на нивото под коритото, но и во соблекувалните и останатата инфраструктура, а како што ни објасни и претседателот на Пливачката федерација Сашо Лазаревски, Федерацијата предложила дека на објектот му е потребен и фитнес-центар, кој веројатно ќе биде изграден за пливачите.
Последно, кога разговаравме Лазаревски, тој за „Слободен печат“ соопшти дека Федерацијата и СЦ „Борис Трајковски“ се во активна комуникација со Владата и со министерот за спорт Борко Ристовски, а како алтернативи по затворањето на „Карпош“, во „игра“ се училишните базени во „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода, базенот во салата „Партизан“ во Карпош, како и базен во Ѓорче Петров.
Базенот „Карпош“ останува отворен за летната сезона, реновирањето на објектот ќе започне наесен
Исто така, како што тогаш соопшти вели Лазаревски, се разгледува и можноста за префрлање на дел од пливачите на „Олимписки“, што според него ќе биде поголем финансиски предизвик за Федерацијата.
– Ние моментално сме во активна комуникација со премиерот и со министерот за спорт во однос на изнаоѓање алтернативи. Најверојатно ќе се користат неколку училишни базени, а во моментов бараме и модус со кој би се договориле со концесионерот на „Олимписки“ за користење на базените, но сепак тоа е поголем финансиски предизвик и заради тоа сме во постојан контакт со Владата, од каде имаме слух и сои за тоа се потребни посериозни финансии, но од Владата имаме слух и волја да за нè поддржат- истакна првиот човек на Националната пливачка федерација.
Од спортскиот центар не можеа точно да одговорат колку ќе чини целосната реконструкција на објектот, односно колку средства се одобрени за овој проект, при што посочија дека точната сума ќе биде одредена откако проектот ќе биде целосно готов.


