Фото: Screenshot/YouTube

Најдобриот африкански судија добил виза, но Америка го вратила од аеродром

Сомалискиот фудбалски судија Омар Абдулкадир Артан, кој од страна на ФИФА беше назначен да дели правда на Светското првенство, се соочил со проблеми при влез во САД и покрај тоа што претходно добил виза по подолг административен процес.

Според информациите, Артан бил задржан на аеродромот по пристигнувањето во САД, а потоа без детално образложение бил вратен назад во Турција, за разлика од останатите фудбалски службени лица од африканскиот континент.

Тој неодамна беше прогласен за најдобар африкански судија за 2025 година, што дополнително ја засили реакцијата во јавноста по објавата за неговото враќање.

Информацијата брзо се прошири на социјалните мрежи, каде се наведува дека причините за одбивањето не биле официјално соопштени.

„На најдобриот африкански судија Омар Абдулкадир Артан му е одбиен влез во САД по пристигнувањето на Светското првенство. Вратен е во Турција без јасна причина“, пренесуваат дел од медиумите.

Сомалија се наоѓа меѓу земјите кои се под одредени ограничувања за влез во САД, при што на голем дел од нејзините државјани им е ограничено издавањето визи, со исклучоци за дипломатски патувања и случаи што се оценуваат како важни за американскиот национален интерес.

Toј требаше да биде и првиот судија од Сомалија кој добил прилика да дели правда на најголемиот фудбалски настан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот